Постои едно правило за децата на Џорџ Клуни: Ниту едно списание не може да објави слика од нивните лица
Џорџ Клуни од апсолутен ерген стана апсолутно прекрасен семеен човек. Причината се неговите деца – Александар и Ела Клуни, кои ги доби „во стари години“, на прагот на шеесет.
Кога добија деца, Клуниеви одлучиле животот на нивните деца да биде приватен, па било одлучено нивните лица никогаш да не се прикажуваат јавно, дури ни преку социјалните мрежи.
Ова предизвика серија мистериозни приказни меѓу обожавателите, сите на тема: „Што се случува со децата на Џорџ Клуни?
Првите мистерии почнаа да се откриваат кога се дознало дека се раѓаат деца, а ниту Амал ниту Џорџ претходно јавно не зборувале за бременоста и бебињата. Кога добија близнаци во јуни 2017. година, се роди мистериозната приказна број 2.
Имено, сите велеа дека парот отишол на ин витро, со оглед на тоа дека и двајцата биле во поодминати години, но Џорџ тоа го демантирал. Актерот неколку пати изјавил дека децата се зачнати по природен пат, а дека дури на ултразвукот виделе дека се близнаци.
Иако децата се држат подалеку од очите на јавноста, родителските приказни на Џорџ Клуни се многу популарни.
Близнаците имале речиси две години кога Клуни го открил веселиот карактер на децата: „Тие стават путер од кикирики на чевлите, па изгледа како да сте згазнале во измет. Мислат дека тоа е урнебесно”, рекол актерот.
„Александар сака да се шегува, а Ела е многу сериозна. Таа секогаш се грижи да играат според правилата. Тие навистина имаат две сосема спротивни личности”, споделил Клуни.
„Не можеме да ги заштитиме нашите деца ако некое списание ги стави нивните лица на насловната страница. Никогаш не сме продавале слики од нашите деца, не ги споделуваме на социјалните мрежи, бидејќи знаеме дека тоа би ги загрозило нивните животи. Ова не е параноја, ова е вистинска опасност“, рекол Клуни, мислејќи на фактот дека Амал има кариера што може да ги доведе нејзините деца во сериозна опасност. Познато е дека Амал е адвокат за човекови права и зборува и работи против сериозно опасни поединци и организации. Поради идејата дека некој може да ги искористи нејзините деца за да и се одмазди, таа ги довела до тоа децата на Клуни да останат анонимни до понатамошно известување.