“СВЕТОТ ГО ОЧЕКУВА КАТАСТРОФА“ – му рекол пред пет години шефот на НАСА на Леонардо Ди Каприо (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Леонардо Ди Каприо на промоцијата на новиот филм на „Нетфликс“, „Не гледај нагоре“, рече дека шефот на НАСА пред пет години му рекол дека светот го очекува катастрофа.

Глумецот зборуваше за проблемите со климатските промени и порача дека нема многу оптимизам кај него во поглед на тоа прашање.

„Се сеќавам кога работев на документарниот филм Before the flood. Тогаш го посетив шефот на НАСА кој детално му објасни што ќе му се случи на светот во наредните пет години. „Што ќе ѝ се случи на Калифорнија“, го прашав тогаш на што тој ми одговори: „Ќе има огромни пожари кои ќе уништат голем број дрва и шуми, а потоа ќе следи невидена суша низ целиот свет“, рече Лео.

Тој тврди дека занемерувањето на научната заедница и срамота за општеството и порача дека кропорациите мораат да дадат свој допринес ако сакаме позитивно да ја разрешиме оваа ситуација.

„Сè се сведува на еволуцијата на свеста на нашиот вид и одлуката останува на нас дали ќе реагираме на време. Сега експертите ни даваат рок од девет години во кои последиците од климатската криза ќе стануваат сè појасни, повидливи, пореални и неповратни. Тоа е она што не ме прави оптимист во целата оваа работа.

Светот кој го гледаме денес со сите овие катастрофи нема да се подобри, само ќе продолжи кон полошо“, рече Ди Каприо.

останати вести