Атрактивната сопруга на капитенот на фудбалската репрезентација на Канада, Милан Борјан, Снежана Борјан сподели жешки фотографии од одморот на Малдивите.
Сексапилната сопруга на екс капитенот на Црвена Звезда, а сега голман на Слован од Братислава, Снежана по бројните приватни и професионални обврски реши да ги спакува куферите и да замине на заслужен одмор.
За божиќниот одмор ги одбрала егзотичните Малдиви. Сега русокосата Снежана ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со неколку фотки од прекрасната дестинација.
Инаку Снежа веќе неколку дена ужива во прекрасните плажи, луксузен хотел и совршена услуга.
Сопругата на познатиот голман ги запали мрежите со фотографиите во бикини.