ТАА МУ Е ВЕЧНА ИНСПИРАЦИЈА: Влатко Стефановски откри зошто не снимил нови песни (ФОТО)

by Тони Зографски

Влатко Стефановски за хрватските медиуми откри зошто подолго време нема снимено нови песни. Тој имал инспирација, но снимањето го одложил поради смртта на сопругата.

– Животот околу мене е инспирација. Обично се инспирирам наутро, додека не се развлекол денот. Го користам тој утрински мир, си праваам кафе и ја грабнувам гитарата. Тоа е чуден процес. По заминувањето на сопругата немам издадено нов албум, а кога тоа ќе се случи ќе видиме кому ќе ги посветам песните на него, – изјавил Влатко за хрватските медиуми,

Инаку, македонскиот виртуоз заедно со загрепската филхармонија, во петокот имал спектакуларен концерт во салата “Лисински“ во Загреб.

(Фото: М. Шолиќ)

останати вести