Пам Шастин (60) од Тулса, САД, била многу тажна кога нејзините пријатели и рекле дека Џонатан Лангевин (21) може да биде нејзин внук и ја советувале да посети психијатар.
„Не можам да верувам дека моите пријатели, кои ги познавам повеќе од 30. години, не можат да бидат среќни заради мене само затоа што Џонатан има 21 година. Но, злобните коментари нема да нè одвојат. Тој е љубов на мојот живот и не ми е грижа што мислат другите. Покрај тоа, нашиот сексуален живот е фантастичен“, коментира таа.
Пам и нејзиниот Џонатан, студент по компјутерско инженерство, се запознале пред две години на апликација за запознавање во Badoo. Тој прв ја повикал.
„Ми призна дека има 19 години и јас му напишав дека сум премногу стара за него и дека имам две ќерки постари од него. Едната има 32, а другата 34 години. Му реков и дека сум баба“, се сеќава Пам, додавајќи дека Џонатан отсекогаш сакал да биде со постара жена.
Тој тогаш живеел околу 1450 километри далеку, па разговарале секој ден преку видео повик. Една недела подоцна тој пристигнал кај неа.
„Тој беше уште поубав во живо. Трчавме еден кон други и страсно се бакнувавме. Тоа беше љубов на прв поглед“, рекла таа.
Тие целиот ден го поминале заедно обидувајќи се да ги игнорираат зачудените погледи на минувачите, но и негативните коментари.
„Слушнав жена како и кажала на својата пријателка дека и е одвратно да нè гледа и дека не треба да бидеме заедно. Тоа навистина ме вознемири. Секој човек кој поминуваше покрај нас, ни испраќаше ужасен поглед. За среќа, тоа на Џонатан не му пречеше, на крајот се смеевме на сè“, продолжила таа.
И