602
Хајди Клум шокираше многумина со изборот на модна комбинација за посетата на Формула 1 трката во Лас Вегас.
Хајди била една од многуте познати линости кои во живо ја проследиле трката во „градот на гревот“, но Ријана, Бред Пит, Дејвид Бекам, Парис Хилтон и останатите дефинитивно не биле ни близу до вниманието кое убавата Германка го привлекла.
Имено, Клум се појавила топлес на трката, а на себе носела црна јакна. Чизмите над колена ги истакнале нејзините долги нозе, а на видеото кое го споделила од ВИП зоната јасно се гледа колку блескала.
Таа пред заминувањето на трката објавила селфи во огледало со својот сопруг Том Каулиц со кое навестила дека ќе издоминира на овој настан.



