Познат говорник го започнал семинарот така што подигнал 20 долари.
Во соба со 200 луѓе тој прашал: “ Кој ги сака овие 20 долари?“
Почнале раце да се креваат.
Потоа говорникот додал: “ На еден од вас ќе ви ги дадам овие 20 долари ако дозволите прво да направам нешто со нив“. Тој ги згужвал доларите.
Потоа прашал: “ Кој и понатаму ги сака“?
Повторно се кренале раце.
“ А што ако земам и ги згазам. Повторно ќе ги сакате?“.
Повторно кренати раце.
“ Пријатели мои, вие сега научивте вредна лекција. Без разлика што направив со парата вие и понатаму ја сакате, бидејќи не и се намали вредноста. Уште вреди 20 долари. Често во животот сме згазени, згужвани, паѓаме на земја поради погрешни одлуки. Се чувствуваме безвредни. Но, без разлика што се случило, или ќе се случи, никогаш нема да ја изгубите вредноста. Вие сте посебни, немојте тоа никогаш да го заборавите.