Синоќешниот натпревар од полуфиналето на Лига на шампионите Реал Мадрид-Манчестер Сити го следеа и најдобрите тенисери на светот, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Рафа кој иако е од Мајорка, навива за Реал Мадрид и го имаше првиот удар од мечот со кој мадриѓаните по 35. пат ја освоија титулата во Шпанија.
На трибините беше и Новак Ѓоковиќ кој во придружба на својот брат го следеше натпреварот со Сити.
Од фотографиите може да се види дека Рафа е до претседателот на Реал Мадрид (Флорентино Перез), а до Новак е младиот Алкараз, но веднаш тука е и татко му на Рафаел Надал, сите во свечената ложа.