Познатиот кантри пејачот Џо Дифи почина во неделата на 62 години, само два дена откако дознал дека е позитивен на ковид-19.
– Кантри музичката легенда Џо Дифи почина денеска, недела 29 март, поради последица од коронавирусот. Неговото семејство бара приватност – напишал менаџерот.
Џо бил смирен кога дознал дека е заразен.
– Се грижат за мене и се лекувам. Семејството и јас бараме приватност во овие моменти. Сакам да потсетам, сите да бидат внимателни за време на оваа пандемија – рекол Џо во петокот. Обожавателите се тажни поради неговата смрт.
Џо во 1999 година доби Греми за најдобра кантри соработка. Познат е по бројни хитови, особено од 90. години на минатиот век. Издал 13 албуми.