„Целта тука е да се изгладни Русија, да се лиши Путин од неговиот главен извор на готовина и да се намали цената на руската нафта за да се ублажи влијанието на Путиновата војна врз цените на горивото“, рече висок претставник на американската администрација.
Бидејќи цените на нафтата драстично пораснаа, приходите од руската нафта всушност растат и покрај санкциите. Западните лидери сакаат да ги намалат приходите на Русија од земјите што сè уште ја купуваат нејзината нафта.
Не е јасно како тие имаат намера да го направат ова. Неименуван функционер за Си-ен-ен сугерирал дека земјите од Г7 имаат влијание преку мрежите за транспорт на нафта, што би можело да помогне во спроведувањето на ограничувањата.