Во текот на зимските, ладни и ветровити денови нашата кожа е изложена на бројни негативи ефекти кои доведуваат до видлива дехидратација, лупење, црвенило и иритација. Затоа во зимските месеци се препорачува правилна и дополнителна нега на кожата за одржување на влажноста и воедно кожата да остане мека, мазна и нежна. Една од основните функции на кожата е нејзината заштитна бариера, која го спречува губење на течностите од површината на нашето тело. Таа бариера ја сочинуваат маснотиите кој формираат заштитен липиден филм на површината на кожата. Ладниот зимски воздух е сув, ја намалува количината на природни маснотии при што на површината на кожата испарува поголема количина на течности. Зимските ветрови дополнително ја сушат и оштетуваат кожата. Резултат од сето ова е сува, груба и нерамна кожа подложна на чешање, иритација, екзема и други непријатни промени на кожата. Зимскиот период дополнително ја влошува состојбата кај веќе постоечки хронични заболувања како што се атопичен и себороичен дерматит, екзема и псоријаза. Црвенилото и проширени капилари на лицето стануваат видливи и непријатни поради преминот од ладни во топли простории.
Почнувајќи од денеска дајте и го на кожата се она што го губи во текот на овие ладни и снежни денови!!!!!
ХИДРАТАЦИЈА
Неопходно е да се надополни влажноста која се изгубила со употреба на креми кои не се само на база на хидратантни супстанци туку и на база на масла. Маснотиите во кремите прават заштитен филм на нашата кожа и не дозволуваат гибиток на течностите. Кремите кој ќе ги користите задолжително мора да содржат масни киселини и компоненти како термална вода, уреа, глицерол, алфа-хидрокси киселина и витамини и хранливи материи кој се неопходни за кожата. Препорачливо е да нанесувате од кремата неколку пати дневно и задолжително после миење на лицето, туширање и пред излегување на ладно.
ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ
Зимското сонце во комбинација со рефлекцијата од снег, дополнително ја сушат и оштетуваат кожата.
Во зимата треба да се продолжи со нанесување на заштитен фактор барем СПФ 15, кој штити од УВА и УВБ зрачење.
МИЕЊЕ НА ЛИЦЕ И ТУШИРАЊЕ
За туширање задолжително употребувајте млака вода, не топли и долготрајни купки кој ја дехидрираат кожата и ги намалуваат нејзините природни маснотии. Избегнувајте јаки, антибактериски сапуни кои дополнително ја одмастуваат кожата. Хидратантната крема или серум нанесете ги веднаш по туширањето.
НЕГА НА РАЦЕ
Кожата на рацете е сува и осетлива, има значително помалку лојни жлезди за разлика од другите делови и во зимата е најсклона кон сушење и пукање и појава на екзема. Задолжително избегнувајте подолг контакт со сапуни и хемикалии без заштитни ракавици, задолжително загревајте ги рацете при предолга изложеност на ладно и секако не излегувајте надвор без волнени ракавици. Постојано нанесувајте креми на база на глицерин, вазелин, ланолин и природни масла, чија функција е да ја хидрираат кожата и да ја заштитат од губење на влага. Ако кожата на рацете е дехидрирана, треба да се нанесуваат гелови кои ја враќаат загубената влажност и долго да се втриваат во кожата. Дури потоа се нанесуваат креми кои содржат масла, вазелин, глицерин и ланолин.
ПРАВЕТЕ ПИЛИНГ ЕДНАШ НЕДЕЛНО
Еден од најважните чекори кај негата на кожата и одржувањето на нејзиниот здрав и нежен изглед е длабинското чистење кое може да се постигне со помош на пилинг, кој ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата со што воедно се овозможува длабоко продирање на состојките од кремите и серумите. Доколку е кожата екстремно сува треба да се избегнуваат агресивни пилинг маски, тоници на база на алкохол и други агресивни третмани кој може премногу да го намалат липидниот слој на кожата. Пилингот може да биде изведен во дерматолоска ординација, хемиски пиллинг или во домашни услови со соодветен пилинг препарат за нежна и благопријатна ексфолијација.
НАВЛАЖНУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ ВО ПРОСТОРИЈАТА
Навлажнувачите на простории во вид на аеросоли со кој се постигнува поголема влажност во затворени простории со централно и други одблици на греење, ке го спречи дополнителното дехидрирање на кожата предизвикано од сувиот и топол воздух.
Предлог бренд за нега на кожата во овие осетливи денови:
Bioxsine MelaTone (термална вода богата со закрепнувачки витамини и минерали, за нормална функција на кожата, обезбедување на соодветна влажност на кожата, за мазна и нежна кожа, Алфа арбутин 2 % за избледување на темни флеки и изедначување на тенот на кожата на лицето, со заштитен фактор СПФ 15 и хранливи состојки)
Bioxsine Acnium (термална вода богата со закрепнувачки витамини и минерали, за нормална функција на кожата, обезбедување на соодветна влажност на кожата, за мазна и нежна кожа, куркума за смирување на акните, црвенилото и неутрализирање на грубиот изглед и хранливи сосотојки )
Потполно безбедни препарати, клинички тестирани, одобрени од Германска Дерматест за загарантирана ефикасност.
Имате проблематична кожа на лицето?Акни, митесери, дамки, црвенила, дисколорација и нееднаков тен ?Bioxsine SkinCare ќе ви помогне да го постигнете изгледот што го заслужувате!Решението за проблемите со кожата чека на Вас!BIOXSINE SKINCARE – Природна корективна козметика за лице.
Posted by Bioxsine Makedonija on Wednesday, October 17, 2018