Шон Комбс, раперот попознат како Пи Диди со години имал голема моќ во забавната индустрија, а наводно сè уште ја има, иако е во затвор.
Извори за People изјавиле дека многумина сè уште се плашат од неговите потенцијални дејства.
“Тој е многу моќен. Сите се плашеа да му се спротивстават, го избегнуваат. Иако сега е зад решетки, сепак е многу моќен. Сите го знаевме тоа од порано. Сите велеа дека е креативен гениј кога станува збор за неговата опсесија со контролирање на работите“, вели изворот.
Тој исто така рече дека раперот е „исклучително паметен“.
„Тој познава многу луѓе и им помогнал на многу луѓе – така што многу луѓе му должат. Тој го знае тоа“, рече тој. Тој исто така истакна дека раперот е „способен за многу повеќе отколку што мислат луѓето“.
Комбс беше уапсен минатиот месец и обвинет за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, рекетирање и кривични дела поврзани со проституција. Покрај тоа, раперот е обвинет за сексуална злоупотреба и силување. Неодамна, адвокатот Тони Базби рече дека застапува 120 жртви кои планираат да поднесат обвинение против раперот.
Големата федерална тужба против раперот се врти околу неговите „freak-offs“ забави каде што ги принудувал своите машки и женски жртви да имаат секс и ги дрогирал таму. Наводно снимил сѐ, а дел од снимките почнале да се препродаваат. Диди ги негира сите обвинувања.