Во семејната куќа на фамилијата Симиќ во селото Раниловиќ, општина Аранѓеловац, се случила голема трагедија.
Имено, козата Белка изела 20 илјади евра, кои семејството ги подготвувало за купување на земја од 10 хектари.
„Станавме рано утрото, ги преброивме парите, затоа што требаше да дојде човек со кого ќе го потпишевме договорот за купување на земјата. Парите стоеја на стол водневната соба а ние заминавме да доручкуваме.
Едно време слушнавме шушкање, а мојот сопруг стана и отиде да провери што се случува. Ја начека нашата коза Белка како јаде од парите, а беа останати само 300 евра“, раскажа домаќинката Милена.