Салма Хаек (56) важи за една од најубавите актерки, а нејзиниот изглед редовно добива милион комплименти.
На настанот на DuJour Media во Њујорк, актерката блескаше во црн фустан од тантела Џанбатиста Бали. Во преден план беше нејзиното бујно деколте, додека здолништето било направено од неколку слоеви од овој нежен материјал.
Инаку, ѕвездата иако е во шестата деценија навистина изгледа одлично, а за „Њујорк тајмс“ откри дека не само што не оди на третмани кои го подобруваат изгледот на нејзиното лице, туку дека дури и го прескокнува миењето наутро.
„Никогаш не ја чистам кожата наутро. Баба ми ме научи дека навечер кожата го надополнува сето она што го изгубила во текот на денот. Исто така, ако ја мијам пред спиење, зошто би била валкана кога ќе се разбудам“, рекла Салма.