Корисник на TikTok објавил видео во кое го споделува своето искуство со крстарењето, а неговата објава собра голем број прегледи и реакции.
Патувањата со крузер стануваат сè попопуларни, особено затоа што нудат безброј содржини. Посетувате различни атрактивни дестинации, уживате во богата гастрономска понуда и разни забавни, културни и спортски активности.
Но, еден користник на TikTok открил друга страна на крстарењето за која многумина не зборуваат. Неговото видео стана вирално на популарната платформа, собирајќи голем број реакции.
„Крузерите се одлични се додека не сфатиш колку океанот станува темен кога ќе падне мрак“, рече корисникот во видеото кое има скоро 15 милиони прегледи. На тоа, тој се надоврза на претходна објава, во која добил голем број коментари како: „Што очекуваш, ноќе едноставно станува темно?“
„А потоа велат: ‘Сè што покажуваш е базен’. Но, тоа е затоа што всушност нема ништо да видиш ако погледнеш преку рабовите на бродот ноќе, бидејќи е сосема црно“, објасни тој, додавајќи дека тоа е „најцрната црна боја што ќе ја видите“. Авторот на видеото покажа како изгледа погледот на море од брод, откривајќи дека всушност се гледа целосно црнилото.
„Замисли да паднеш во море ноќе, и го преживееш падот. Никој не те видел и го гледаш бродот како оди. Сам си и ништо не гледаш“, „Океанот е застрашувачки“, „Не можеш да ми платиш доволно за да одам на крстарење“, „Сега замисли да си на Титаник без месечина…“, беа некои од коментарите на корисниците.