Падот на цените го најавила на својот Инстаграм, а за дополнително да „намами“ нови претплатници, заедно со објавата објавила и фотографија на која е во долна облека. Таа открива дека нејзините обожаватели можат да добијат премиум содржина за само 7,50 долари месечно.

“Не заборавајте дека сè уште сум активна секој ден на мојата фан страна! Пријавете се и добијте попуст”, вели манекенката и старлета, позирајќи во црна цветна долна облека.

Тоа е попуст од 50%, бидејќи претходно месечната претплата била 14,99 долари. Таа со оваа објава го прекинала постот од социјалните мрежи. Минатиот месец Кејти објави дека „одвојува малку време“ на социјалните мрежи и им се заблагодари на своите „верни фанови“ за поддршката.

“Ќе ги напуштам сите социјални мрежи на некое време. Морам да земам одмор од лични причини. Им благодарам на сите мои верни фанови што секогаш ме поддржуваа”, изјавила тогаш таа, но се чини дека паузата завршила.

Овој потег доаѓа во време кога гласините за нејзината разделба со вереникот Карл Вудс се сѐ погласни, а имало и гласини дека таа премногу се зближува со нејзиниот тренер Џејми Кер. Сепак, Кејти ги демантира сите гласини за развод и изјавила дека нивната врска е сепак одлична.