Вистинска шпанска серија! Милитао има дете со Каролина Лима, која сега е во врска со Лео Переира.

Чија поранешна девојка Таина Кастро, со која има две деца, сега е вљубена во фудбалерот на Реал Мадрид.

„Ситуацијата е во најмала рака бизарна“, пишува бразилскиот весник О Глобо.

Имено, русокосата Каролина Лима, веднаш по раѓањето на ќерката ја раскинала врската со ѕвездата на Реал, и на изненадување на јавноста во новата година влегла со нова љубов, фудбалерот на Фламенго, Лео Переира.

Од друга страна пак, Милитао сега е во прегратките на Таина Кастро, поранешната партнерка на Переира, со која асот на Флеменго раскина во септември минатата година.

Лео и Таина имаат две деца поради кои останале во добри односи, пишува „О Глобо“.