СЕ ОПУШТИЛ ЗА ВРЕМЕ НА КАРАНТИНОТ: Леонардо Ди Каприо го покажа “шкембето“ на плажа (ФОТО)

by Тони Зографски

Леонардо Ди Каприо (45) и неговата млада девојка Камила Мороне (23) уживаа на плажа во Малибу, јавуваат странските медиуми.

Имено, како што старее, Лео „пушта“ стомак, а изгледа се помалку како убавец и заводник за кој паѓаа жените ширум светот.

Сепак, се чини дека актерот воопшто не се грижи. Тој уживаше во брановите и друштвото на убавата девојка, која за оваа прилика имаше избрано минијатурно бикини.

Ди Каприо и Мороне беа во многу добро расположение и се прскаа во морето со друштво. Патем, добитникот на Оскар е познат по бројните врски со помладите убавици, а тој никогаш не зборува за тоа, вклучувајќи ја и Камила.

 

останати вести