Ќе има мерки против оние фирми кои ја злоупотребуваат ситуацијата со енергетската криза, кажа, министер за економија Крешник Бектеши во Студио 10.
– Во координација со РКЕ побарав листа на фирми до УЈП и надлежните институции зошто тоа е кривично дело. Имавме примери на злоупотреба на одредбата од законот за енергетика од страна на општините, тоа го направија и одредени цркви и џамии и големи компании со над 600 вработерни и кои имааат ланци на маркети. Тие ја префрлуваат обврската за плаќање на струјата на новоотворена компанија која има под 50 вработени или претходната година имала приходи помали од 2 милиони евра, рече Бектеши кој очекува во наредниот период да падне цената на пченицата и на соногледот поради новата жетва, како и на цените на производите поврзани со овие култури.
– Маслото за јадење во наредните денови би требало да почне со намалување на цената. Треба да поевтинат производите што зависат од суровини како што е пченицата и сончогледот.
Министерот очекува маслото за јадење да поевтини за најмалку 20 отсто и најави дека доколку продолжи трендот на намалување на цените на суровините, а при тоа нема намалување на цените во преработката и трговијата, тогаш Владата ќе мора да интервенира.