890
Откако Трајко Славески синоќа во емисијата Во центар се извини што го повикувал народот да гласа за Данела, му реплицираше Васко Ефтов набројувајќи му за кои свои политичари се има извинувано ВМРО_ДПМНЕ од независноста наваму.
Ефтов до Славески: “30 години се отепавте од извинување – се извинувате Данела, се извинувавте за Трифун, за Борис Трајковски се извинуваше Љубчо, за Груевски и за Мијалков се извинуваат дел од структурите на ВМРО… и за Љубе се извинувавте. Што е проблемот?”
Славески: Па добро, Се прават грешки. Еве има луѓе и за кои не се извинуваме. Еве за мене никој не се извинува.
