Од експлозија на високонапонската 400 киловатна мрежа на МЕПСО Скопје остана без струја

by Тони Зографски

Поголем дел од Скопје попладнево остана без електрична енергија.

Од ЕВН за „Локално“ изјавиле дека станува збор за експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО.

-Немаме информација целосна, единствено дека има експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО.Нема дотур на електрична енергија до мрежата на ЕВН, – информирале од компанијата.

Струја попладнево немаше во Аеродром, Центар, Тафталиџе, Дебар Маало, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и други населби.

останати вести