ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ЌЕ ПАЃААТ: Пратениците ги изгласаа измените на законите за акцизи и за ДДВ

by Тони Зографски

Доцна синоќа Собранието со 95 гласа „за“ и без ниту еден „против“ или „воздржан“ ги усвои потребните законски измени за акцизите и за ДДВ, кои ги предложи Владата.

Усвојувањето на овие два закони овозможи реализација дел од планираните мерки од пакетот со 26 мерки кои вчера Владата ги предложи.

Мерките се вредни 400 милиони евра, а Владата смета дека со нив ќе се заштити стандардот на граѓаните и економијата, а со тоа ќе се помагне и на компаниите и стопанството.

Целта на Владата со овие измени и дополнувања е да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

останати вести