Една девојка сподели шокантна исповед на својот Твитер профил. Таа ја споделила приказната за да им ги отвори очите на другите девојки и да не се стават во опасност во која таа се нашла.
Имено, една девојка по име Лили Повлес забележала нешто многу чудно за време на едно ноќно излегување. Непознатиот маж се обидувал да стигне до нејзиниот пијалок за да и стави нешто во чашата.
Забележувајќи што се случува околу неа, девојката намерно дозволила ситуацијата да се одвива, за да види што ќе се случи. Во еден момент девојката забележала дека мажот и става нешто во чашата. Ситуацијата ја свртела во своја полза, искористувајќи го невниманието на мажот кој и ставил апче во пијалокот и го полила токму врз него.
По извесно време, Лили го пронашла момчето како лежи во езерцето, онесвестено – пренесува Daily Mail.
Таа ја објавила својата приказна на Твитер и напишала:
– Синоќа двапати се обиде да ми ја земе пијачката, а подоцна нешто ми уфрли внатре. Ги разменив нашите чаши и кога тргнав, го најдов како лежи во езерцето пред клубот. Ти благодарам, кој и да си, повеќе би сакала ти да лежиш така отколку јас – напишала Лили.
Оваа објава предизвикала лавина коментари, додека едни ја обвиниле дека измислува се, други ја поддржале. Исто така, се јавиле многу девојки кои имале слично искуство.
– Многу мажи не веруваат во оваа приказна бидејќи ним не им се случува. Би сакала да искусат само еден состанок како жена – пишувало во еден коментар.