Бил Гејтс изнесе уште едно од своите предвидувања за иднината.
Коосновачот на „Microsoft“ смета дека паметните телефони наскоро ќе бидат заменети со целосно нова технологија – електронски тетоважи.
На електронските тетоважи работат многу од компаниите и институтите ширум Америка, а особено се истакнува биотехнолошката компанија „Chaotic Moon“.
Во тетоважите се собираат и анализираат податоци добиени од човековиот организам, а многу се користат во различни цели меѓу кои и медицински и спортски.
Сепак, како што наведуваат медиумите, Гејтс сака идејата да ја подигне на целосно друго ниво. Тој смета дека тетоважите сè уште не се подготвени за употреба, но ќе бидат кога доволно ќе се унапредат и ќе добијат уште опции кои им се потребни.
Идејата е тетоважите да имаат толку опции што целосно ќе можат да ги заменат паметните телефони.
Тетоважите изгледаат како мали сензори на кожата, а моментално се во фаза на развој и се работи на нивното унапредување.
Засега не е познато кога електронските тетоважи ќе им бидат достапни на сите, но се знае дека се во фаза на развој и дека Гејтс и неговите соработници веќе работат на нив.