524
Поранешната прва дама на САД Меланија Трамп се појави на гласачките места во Палм Бич каде што живее со семејството. Таа ретко се појавуваше во јавноста откако Доналд Трамп ги загуби изборите од сегашниот претседател Џо Бајден.
Американката со словенечко потекло овој пат одбра деловен стил за на гласање. Иако на прв поглед изгледа како да носи црна блуза без ракави и сиво здолниште, всушност се работи за фустан на Александар Меквин од 1.999 долари. Потпетиците на Меланија се од брендот Louboutin, додека чантата е на Hermès, која вреди 14.000 долари.






