Бистата изработена од силикон претставува девојка со нагласени јаготки, црни очи и темна кожа, објави Phys.org.

Реконструкцијата ја направи тим полско-перуански научници кои соработуваа со шведски скулптор специјализиран за реконструкција на лице. Бистата е откриена на церемонија во Музејот на светилиштата на Андите на Католичкиот универзитет Санта Марија во Арекипа.

– Мислев дека никогаш нема да дознаеме како изгледаше нејзиното лице додека беше жива – изјави Џона Рајнхард, американскиот антрополог кој ја откри мумијата позната како Хуанита и „Ледената Богородица Инка“.

Рајнхард ја открил во 1995 година на надморска височина од 6.000 метри, на вулканот Ампато.

– По 28 години нејзиниот лик стана реалност благодарение на реконструкцијата на Оскар Нилсон – изјави Рајнхард.

Image

Нилсон, шведски археолог и скулптор специјализиран за 3Д реконструкција на лицата на древните луѓе, изјави за АП дека му биле потребни 400 часа работа за да го создаде овој модел.

Дагмара Соча, полски биоархеолог од Универзитетот во Варшава, на церемонијата рече дека првиот чекор во реконструкцијата е да се направи реплика на черепот. Потоа следеше скенирање на телото, ДНК анализа, испитување на возраста, тенот…

Според антрополошките истражувања, Хуанита била жртвувана помеѓу 1440 и 1450 година, кога имала меѓу 13 и 15 години. Таа била висока 140 сантиметри и тешка 35 килограми.

Рајнхард открил повеќе од 14 жртви на Андите, меѓу кои и три деца.