Семејството на Новак Ѓоковиќ привлекува големо внимание, а сите се прашуваат како изгледа нивниот живот зад затворени врати. Нивната дадилка во една пригода открила какви се односите што владеат во нивната куќа.
Иако на прв поглед се чини дека на Новак Ѓоковиќ најважно му е освојувањето трофеи, тој истакнува дека тоа е далеку од вистината и дека семејството секогаш е број 1 за него.
Не постои трофеј што е поважен од Стефан и Тара и нема поголема утеха од нивната прегратка по разочарување на теренот.
И Новак, но и неговата сопругаЈелена се посветени родители. Таа улога ја имаат сфатено многу сериозно од првиот ден, што може да го потврдат нивните родители, пријатели, но и дадилки. Со оглед на тоа што Новак често отсуствува од дома и не може секогаш да ги води своите најмили на патувањата, особено ако се подалечни, Јелена е таа што ја презема улогата на столб на семејството. И апсолутно ужива во тоа, открива близок извор.