„Неверојатното видео кружи во Телеграм. Украинците му дадоа на заробениот руски војник храна и чај и ја повикаа мајка му да и каже дека е добро.“ напиша дописникот на BuzzFeed Кристофер Милер, споделувајќи ја снимката.

Во еден момент војникот во солзи праќа бакнеж до личноста на видеоповикот додека жената до него го теши.

„Тие ги користат децата како топовско месо. Не знаат ни каде одат.Патиштата се полни со уништени руски конвои. Конвоите на вашите руски војници се уништени. Треба да ја напуштат Украина“, се слуша машки глас.