Принцезата Кејт Мидлтон кога се работи за воспитување на своите деца има многу специфични правила до кои непоколебливо се придржува.
Во нивното семејно домаќинство, дури ни принцот Вилијам не смее да го подигне тонот на својот глас. Децата се охрабруваат секогаш да користат тивок тон, без оглед на ситуацијата, ова е правило кое го воведе принцезата од Велс.
Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис се подложени под овие правила откако се родени. Накусо, дома речиси шепотат кога зборуваат.
Зборувајќи за „Сан“, инсајдер на кралското семејство ја откри оваа информација објаснувајќи дека во домот на Кејт и Вилијам викањето е апсолутно недозволиво! Ниту едно од децата не смее да го покачи тонот на зборување, и ако тоа го направи, ќе биде отстрането од просторијата во која моментно.
Но, што значи „отстранување“ за вака привилегираните деца? Според инсајдерот, и принцезата Кејт и принцот Вилијам имаат уникатен начин да се справат со овие прашања кога децата ќе влезат во меѓусебна кавга.
Наместо да бидат однесени во нивната соба или во „ќошот за непослушни“ како што прават повеќето родители на британските деца кога тие се однесуваат лошо, Кејт решила да заземе поинаков пристап. Имено, ги отстрануваат децата од местото каде што се случила кавгата и почнуваат опуштено да разговараат. Или Кејт или Вилијам го прават тоа, како цивилизирани возрасни луѓе.
Кога почнуваат да разговараат со своите деца после кавга, добиваат објаснување за последиците со кои се соочуваат, но никогаш не им викаат зошто тоа го направиле.
Од многу рана возраст, принцот Вилијам и принцезата Кејт се спуштаат на нивното ниво со тоа што клекнуваат на колена и разговараат со нив сериозно.