Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Простата и тестисите се органи кои го сочинуваат машкиот репродуктивен систем, имаат различна улога и функција.
Простата е мала жлезда во форма на орев, под мочниот меур. Машкиот хормон тестостерон конролира како функционира простатата. Произведува течности кои се мешаат со спермата од тестисите. Произведува специфичен антиген за простата (ПСА). Со мускулите помага и ја турка спермата во мочниот канал (уретра) за време на секс, го претвара тестостеронот во биолошки активна форма дихидротестостерон (ДХТ).
Тестисите се два мали заоблени органи сместени во скротум, вреќичка од кожа, произведуваат сперма и машки хормони. Произведуваат тестостерон кој влијае на функцијата на простатата.
Ракот на простатата и ракот на тестисите се две различни состојби. И покрај тоа што и двата започнуваат во машкиот репродуктивен систем, постојат неколку разлики. Ракот на простата е многу почест од ракот на тестиси.
Симптоми на рак на тестис:
– безболна грутка во тестис
– оток на тестис
– чувство на тежина во скротум
– болка во тестиси, скротум, препони
– осетливост на ткивото на дојките
Симптоми на рак на простата:
– послаб млаз на урината
– често мокрење, итност
– ноќно мокрење
– болка или печење при мокрење или ејакулација
– крв во урина или сперма
– анемија, бледа кожа
– болка во колкови, карлица, грб
Првичната причина за рак на простата и тестиси е нејасна.
Ризик фактори:
– возраст – мажи постари од 50 години се со најголем ризик за карцином на простата, мажи меѓу 20 и 54години имаат ризик од рак на тестиси
– исхрана богата со масти, обезнопст – може да се зголеми нивото на тестостерон
– фамилијарна историја
– неспуштен тестис е еден од главните ризик фактори за рак на тестиси
– ХИВ инфекција, ризик фактор за рак на тестис
– ниво на тестостерон – мажи на терапија со тестостерон или со природно високо ниво на тестостерон
– пушење
Фактори кои не може да ги контролирате се возраста и семејната историја.
Не постои сигурен начин да се спречи рак на простата или тестиси.
И двата вида на рак може да бидат смртоносни без третман. Сепак, ракот на тестиси може подобро да се третира и има помал ризик од смрт. Ракот на простата исто така се лекува, а повеќето луѓе со оваа болест не умираат од него.
Со самопреглед може да се забележи нешто невообичаено, да се посомнева на рак на тестиси и да се консултира доктор. Ракот на простата не може да се открие со самопреглед. Може да се препорачаат одредени тестови – дигитален ректален преглед, ПСА тест, ултразвук.
Препораки за намалување на ризикот од рак на простата:
– одржување на здрава телесна тежина
– редовна физичка активност
– здрава исхрана, разновидни овошја и зеленчуци, интегрални житарки, ограничен внес на црвено месо, преработена храна, готови сокови засладени со шеќер, млечни производи.
– избегнување на пушење
– земање аспирин – ограничени и хетерогени податоци