Протоколот на Владата ги „помеша“ знамињата на ЕУ и Косово

by Тони Зографски

Пред почетокот на вчерашната заедничка прес-конференција на македонскиот и косовскиот премиер, Христијан Мицкоски и Албин Курти дошло до грешка во протоколот.

Имено, зад говорниците биле поставени две знамиња, но покрај македонското знаме не се нашло косовското, туку знамето на ЕУ.

Слични едно на друго – жолти ѕвезди на сина позадина, но косовското со картата од територијата, предизвикале забуна кај македонскиот протокол.

Сепак грешката била забележана и поправена, па знамето на ЕУ набрзо било заменето со косовското знаме, како што може да се види на објавеното видео.

останати вести