Златан оваа сезона се уште нема одиграно ниту еден натпревар за својот Милан, а причината е долгото опоравување по тешката операција на коленото. Но и понатаму сметаат на него во Милан и тој има договор со нив до крајот на јуни 2023 година.

Додека чека зелено светло за да се врати на теренот, Златан тренира, но и убаво се забавува и патува, па неодамна можеше да се забележи меѓу навивачите на Мундијалот. Редовно објавува слики на Инстаграм и ги информира обожавателите каде е и што прави.