Вучиќ до Пендаровски: Што ќе ти е превод, одлично зборуваш српски (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја започна дводневната посета на Србија. По свечениот прием пред Палатата Србија, македонскиот претседател оствари тет-а тет средба со неговиот домаќин Александар Вучиќ, a по средбата двајцата претседатели одржаа прес конференција.

Пред почетокот на своето обраќање, Вучиќ имаше интересен коментар до претседателот Пендаровски.

–Па Стево што ќе ти е превод, се знаеш, како и јас, мене не ми треба превод за македонски, тој десет пати подобро зборува српски – гласеше коментарот на Вучиќ додека претседателот Пендаровски се обидуваше да ги намести слушалките за превод.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com