Млада манекенка пронајдена мртва во својот стан во Хондурас (ФОТО)

by Тони Зографски

Манекенката од Хондурас, Вуалис Фуентес Акино, почина на 24-годишна возраст, објави „Дејли мејл3. Поранешна учесничка на Мис Универзум беше пронајдена мртва во својот стан, а ја пронашле загрижените членови семејство откако со денови не им се јавувала.

Причината за смртта на младата манекенка сè уште не е официјално потврдена. Надлежните служби не ја исклучиле можноста за кривично дело, но и за природна смрт, па истрагата сè уште е во тек.

Вуалис неодамна го освои второто место на изборот за Мис Универзум Тегусигалпа 2026, веднаш зад победничката Лусијана Нуњез. Заедно со манекенството, таа беше и студентка по меѓународен маркетинг и социјална работа на Националниот автономен универзитет на Хондурас (УНАХ). Ја сметале за една од младите надежи во нејзината земја, а на социјалните мрежи често споделувала фотографии од своите патувања.

Од организацијата „Мис Универзум Тегусигалпа“ ја опишале како талентирана, љубезна и несебична личност која секогаш им била голема поддршка на другите натпреварувачки.

Нејзината последна објава на социјалните мрежи била серија црно-бели фотографии со пораката: „Помеѓу да имаш и да бидеш, избери да бидеш. Битието има вредност, работите имаат цена. Секој може да го има она што ти го имаш, но никој не може да биде тоа што си.“

Оваа тажна вест доаѓа само два дена откако ЛаТоја Малколм, поранешна финалистка на Мис Универзум Јамајка, почина на 35-годишна возраст. ЛаТоја се натпреваруваше на изборот за убавина во 2024 година, а освен тоа беше и актерка, водителка и инструкторка по танц со повеќегодишно искуство во забавната индустрија. Причината за нејзината смрт исто така сè уште не е објавена.

останати вести