Џони Деп пронајден онесвестен во својата хотелска соба во Будимпешта, неговиот бенд го откажал концертот (ФОТО)

by Тони Зографски

Џони Деп неодамна бил пронајден без свест во својата хотелска соба во Будимпешта.

Информацијата доаѓа откако неговиот бенд „Hollywood Vampires“ во последен момент го откажале настапот во овој град. Според полицискиот извештај, Џони бил толку онесвестен што морале да побараат лекарска помош.

Johnny Depp Going on Tour With Band Hollywood Vampires – The Hollywood Reporter

Салата била преполна со фанови кои поминале стотици километри за да го проследат настапот на бендот, но Деп наводно бил во толку лоша состојба што дури не можел ни да стигне до сцената.

Image

„Сè беше подготвено, сцената беше поставена, екипата зад сцената беше спремна за забава. Никој не мислеше дека би можело да има проблеми“, изјавил организаторот.

Наводно славниот актер бил премногу возбуден што се онесвестил. Иако бројни фанови биле изненадени од ситуацијата и се грижат за неговата здравствена состојба, некои од нив сметаат дека Деп пред настапот испил премногу алкохол. Имено, поединци го забележале Џони неколку часа пред почетокот на концертот како пие на улица.

Џони Деп пронајден без свест во хотел во Будимпешта

За потсетување, ова не е првпат бендот „Hollywood Vampires“ да се соочува со здравствени проблеми на славниот актер. Тие во јуни мораа да откажат неколку настапи бидејќи тој ја повреди својата нога.

останати вести