Глумицата Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт пред Народното српското собрание (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Утринава, некој од толпата собрана пред Народното собрание на Србија истури јогурт врз актерката Лидија Вукиќевиќ, новоизбрана пратеничка од редовите на СНС (Српска напредна странка).

Инцидентот се случи пред Народното собрание, каде што утринава се собраа поддржувачи на „Студентската листа“ за да ги испратат новоизбраните пратеници на нивната прва седница.

Додека пратениците поминуваа, врз главата на актерката Лидија Вукиќевиќ беше истурен јогурт.

Вукиќевиќ извади марамче и остана да стои на скалите неколку моменти, пред да влезе во зградата на Собранието.

Конститутивната седница на 15-тиот состав на Народното собрание на Србија започнува денес во 10:00 часот. Овој состав ќе изгледа сосема поинаку во споредба со оние од претходните години.

останати вести