ОД АЛ ПАЧИНО ДО ЏЕФ БЕЗОС: Леонардо ди Каприо го прослави 52. роденден (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Леонардо ди Каприо, кој на 11 ноември наполни 52 години, неодамна организирал роденденска забава на Беверли Хилс каква што ретко се гледа. Она што ја направи посебна беа гостите – најголемите холивудски ѕвезди, но и една сцена која буквално потсетува на сцена од филм.

Со оглед на неговиот статус на голема холивудска ѕвезда, не е изненадување што прославата на 52. роденден на Ди Каприо била преполна со познати личности. Меѓутоа, на забавата што се одржала во саботата се појавила и група млади жени кои пристигнале со автобус.

Сцена како од филмот „Социјалната мрежа“

Во сцена што потсетува на филмот „Социјалната мрежа“, девојките биле забележани како излегуваат од минибус и се упатуваат кон роденденската прослава на Беверли Хилс.

Во споменатиот филм од 2010 година постои позната сцена во која девојки пристигнуваат со автобус на студентска забава, додека Марк Закерберг ги хакира базите на податоци на Харвард за да создаде веб-страница на која може да се споредуваат фотографиите на студентите.

Меѓу атрактивните гостинки на забавата на Ди Каприо била и Кортни Бернер, ѕвезда на американската верзија на реалното шоу „Love Island“, која носела секси, проѕирен бел мини фустан.

Ди Каприо и претходно бил мета на критики поради тврдењата дека наводно одбивал да биде во врска со девојки постари од 25 години.

Ѕвездата на филмот „Титаник“ од август 2023 година е во врска со 28-годишната Виторија Черети, а претходно, во 2022 година, ја прекинал петгодишната врска со Камила Мороне – само еден месец откако наполнила 25 години.

Многу познати пријатели на Ди Каприо биле забележани како пристигнуваат на роденденската прослава во саботата, меѓу кои Тоби Мегвајер, Џона Хил, Кејси Афлек, Адриен Броди, Ал Пачино и Нур Алфалах, Едвард Нортон, Мајкл Ман, како и Лендон и Алабама Баркер. Роденденската прослава не ја пропуштиле ниту Лорен Санчез и Џеф Безос.

Меѓу присутните биле и поранешната сопруга на Мегвајер, Џенифер Мајер, со нејзиниот нов сопруг Џефри Огунлеси, потоа Орландо Блум, Фифти Сент, Кара Делевињ, Кори Гембл, Џастин Трудо и други. На прославата се појавил и таткото на Леонардо ди Каприо, Џорџ ди Каприо, со својата сопруга Пеги Ен Фара.

останати вести