Јелена Ѓоковиќ пред скопјани ја промовира „Фондацијата Новак“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Македонската јавност синоќа ја имаше уникатна можност да се запознае со работата со „Фондацијата Новак“ и тоа од неговата сопруга Јелена, која во скопскиот Сити Мол ја промовира хуманоста и помошта кои ја споделуваат заедно со најдобриот светски тенисер на сите времиња.

Со „Караванот на љубовта и среќата“ Јелена Ѓоковиќ ја обиколи цела Србија, а сега пристигна и во нашиот главен град, каде по промоцијата на филмот „The Wisdom of Trauma“ објасни со што поконкретно се занимава фондацијата и кои се нејзините идни планови.

Инаку, Јелена која дојде во Скопје од Ниш, имаше време малку и да прошета низ главниот град на Македонија, објави и некои фотографии, како онаа со споменикот на Кирил и Методиј во центарот на Скопје, до Камениот мост.

 

останати вести