ШЕТАШЕ ВО ЗАГРЕБ СО ТРУДНИЧКИ СТОМАК: Сораја е бремена во деветтиот месец (ФОТО)

by Тони Зографски

Старлетата Сораја Вучелиќ е бремена во деветтиот месец, а трудничките денови ги поминува во Загреб, каде што и моментално живее.

Имено, според извор за „Блиц“, Сораја и нејзиниот партнер, кој по професија е бизнисмен, го чекаат своето прво дете, а бидејќи не сакала јавноста да знае дека е бремена, старлетата ги избришала нејзините социјални медиуми.

-Сораја се пресели во Загреб каде ја одржува бременоста. Нејзиниот партнер има своја работа и не сака јавно да се експонира, што Сораја го почитува. Поради него таа ги избриша социјалните мрежи. Бременоста целосно ја промени, не сакаше ни јавноста да знае дека е бремена – изјавил извор за „Блиц“, а потоа открил како старлетата го поминува времето во Загреб.

– Сораја е активна и во деветтиот месец. Најмногу сака да шета низ градот. Ја видов на денот на концертот на Јелена Розга, стомакот ѝ беше до заби – изјави извор за „Блиц“.

Soraja

Во август Сораја доживеа тешка сообраќајна несреќа во Албанија од која како што пишуваа медиумите едвај преживеала. Таа имала тешки повреди, скршеници на ребрата и внатрешно крварење по што била префрлена во Хрватска на итна операција.

Soraja Vučelić

останати вести