Човек му удрил бокс на нилски коњ и останал жив, снимката е хит (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Знаеме колку нилскиот коњ може да биде опасен и брз, без разлика на неговата големина.

Затоа и не е чудно што следното видео предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а е снимено пред неколку месеци во една зоолошка градина.

На почетокот, го гледаме чудовиштето како се обидува да се качи на заштитната ограда, додека изненадените посетители се шетаат и ги земаат телефоните за да ја снимат сцената.

Во тој момент се појавува чувар со капа кој безмилосно му „удри бокс“ на нилскиот коњ.

Огромното животно е изненадено, но не се откажува. Во неколку наврати се обидува да дојде до мажот со вилиците, а тој му возвраќа со дополнителен удар.

По некое време, нилскиот коњ се враќа во својот простор, пренесува Times Now News.

Бројни корисници оставија коментари, а некои го критикуваа однесувањето на чуварот.

„Ова е болно и застрашувачко. Нилските коњи се територијални животни, стануваат агресивни кога се бранат“, напишал еден човек.

Друг продолжи: „Чуварот ги извршува своите должности без соодветна обука и безбедносна опрема“. Можеби не знае дека нилскиот коњ може да го растргне за неколку секунди“.

останати вести