ЦРНО БЕЛА ЕЛЕГАНЦИЈА: Марго Роби и Скарлет Јохансон позираа на премиера во Њујорк (ФОТО)

by Тони Зографски

Двете холивудски актерки и долгогодишни пријателки Скарлет Јохансон и Марго Роби уште еднаш воодушевија со својот стајлинг.

На премиерата на филмот Asteroid City во Њујорк, двете дами се појавија во синхронизирани креации.

Роби шармираше во црно-бела креација со плисирано здолниште од високата мода на Schiaparelli која ја искомбинира со класични салонки.

Јохансон со насмевка позираше во бел фустан со набори од колекцијата ресорт 2024 на Каролина Ерера.

останати вести