Цела плажа во Улцињ стана на нозе кога ја слушнаа “ХЕЈ СЛОВЕНИ” (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи хит стана снимката од туристите на плажата во Улцињ како стојат во место додека одекнува химната „Хеј, Славени“.

„Крај на „работниот“ ден на плажата Мохито во Улцињ“, се наведува во описот на видеото.

По завршувањето на химната, публиката почна да аплаудира. Мештаните велат дека се пушта секој ден во текот на летото точно во 18 часот.

“Хеј, Славени“ беше химната на СФР Југославија. Напишана е од Самуел Томашик во 1834 година. Композицијата е многу слична со составот на химната на Република Полска. По распаѓањето на СФР Југославија, химната на Сојузна Република Југославија, а подоцна и химната на Србија и Црна Гора беше наречена „Хеј, Словени“.

останати вести