ФУСТАНОТ ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕ: Холивудската глумица Наоми Вотс се омажи првпат на 54 години (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската актерка Наоми Вотс потврди дека се омажила за својот колега Били Крудап, објавувајќи фотографија од скалите на судот во Менхетн. Наоми на 54-годишна возраст првпат стапна на „лудиот камен“

Она што исто така го привлече вниманието на сите е фустанот што Наоми го избра за тој ден. Елегантен и уникатен, креацијата на Оскар де ла Рента, фустанот веќе стана главна тема во модниот свет. Нејзиниот смел и автентичен моден израз воодушеви многумина, а истовремено ги истакна убавината и стилот на Наоми.

(Фото: Инстаграм)

Вотс и Крудап наводно ја почнале врската во 2017, кога глумеле сопружници во серијата „Gypsy“. Првпат заедно се појавија во јавност дури во 2022.

Вотс има две деца од 11-годишната врска со актерот Лив Шрајбер, од кого се раздели во 2016, додека Крудап доби син во врската со актерката Мери-Луиз Паркер.

 

ФОТО: Инстаграм

останати вести