“ФОНДОТ НАШ НЕ ВРТИ КАКО ВОЛОВИ НА РАЖЕЊ“: Тања Кочовска му испеа „Балада на Фондот за здравство“ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Македонска пејачка и актерка Тања Кочовска, инспирирана од хакираниот Фонд за здравство, испеа Балада за Фондот за здравство.

Tекстот е на познатиот македонски текстописец професор и лекар Миодраг Врчакоски кој како долгогодишен лекар, запознаен со проблемите, на нему својствен, сатиричен начин, го опева нашиот Фонд и сите негови маки и слабости, како и маките на лекарите и пациентите со него.

Оваа верзија е пишувана за мјузиклот „Докторска одисеја 2005“, во авторство на д-р Врчаковски.

останати вести