ФАТЕНИ ЗА РАЦЕ: Бред Пит со девојката Инес де Рамон на трката за Големата награда на Велика Британија (ФОТО)

by Тони Зографски

Бред Пит и Инес де Рамон присуствуваа на трката за Големата награда на Велика Британија. Ова е првпат тие да се појават како пар на официјален јавен настан.

На патеката Силверстоун, 60-годишниот актер ја држеше за рака својата 31-годишна девојка додека минуваа покрај фоторепортерите и се упатуваа кон своите места.

Холивудскиот шармер носеше светла модна комбинација со шапка на главата, додека Инес избра фустан во пастелно-сина нијанса.

Бред ја има главната улога во филмот „F1“, во кој глуми поранешен возач на Формула 1, кој доживува голем камбек. Премиерата на филмот е закажана за јуни 2025 година, а првиот трејлер се прикажуваше токму на британскиот Гран-при.

останати вести