Учесничка во избор за Мис во Мексико за малку ќе загинеше од струен удар (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Андреа Гранадос Виктор (22) учествуваше на изборот за Мис во мексиканската држава Мичоакан. За време на нејзиниот настап, за малку ќе дојдеше до трагедија бидејќи Андреа беше погодена од струен удар.

Проблемот настанал бидејќи била боса и штом го зела микрофонот во раце за да одржи говор, се случила несреќа. Почнала да оди наназад, обидувајќи се со другата рака да го фрли микрофонот од раката, која се грчела од ударот.

Девојчето паднало, а организаторите притрчале да и помогнат и ја тргнале од бината за да добие лекарска помош.

 Manekenku udarila struja na izboru za mis

За среќа, Андреа успеа да се опорави и да се врати на сцената и да и се претстави на публиката.

„Моето име е Андреа Гранадос Виктор, имам 22 години и моментално работам како шминкерка и моделка за неколку локални брендови. Горда сум што сум родена во оваа земја на работа, култура и традиција – Сахуај, Мичоакан“, рече натпреварувачката.

На крајот на натпреварот, таа заврши како прва придружничка на Мис Маријана Ороско.

останати вести