ТЕШКО СЕ ДВИЖИ, НО СЕПАК ПЛЕНИ СО ОТМЕНОСТ: Софија Лорен изгледа неверојатно на 88 години (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Легендарната Софија Лорен важи за една од најубавите жени на сите времиња.

Родена е на 20 септември 1934 година во Рим и пораснала во сиромаштија. Почнала да глуми на 15-годишна возраст, а играла бројни улоги во филмовите како „Гласот“, „Куо Вадис“, „Сан Зоро“, „Аида“, „Африка под морето“, „Олимпија“, „Арабеска“ , „Грофицата од Хонг Конг“, „Кратка средба“, „Грев“, „Девет“ и други.

Последниот филм го снимила во 2014 година, а потоа се пензионира и повеќе не ја гледаме толку често во јавноста. И покрај тоа, таа од време на време се појавува на некој важен настан, а неодамна е снимена како излегува од хотел.

Софија, како и секогаш, беше елегантна, насмеана и добро облечена, иако се забележува дека ѝ е тешко да се движи, па многумина воодушевено го коментираа видеото на познатата дива што кружи по мрежите. И покрај фактот дека веќе навлезе во деветтата деценија од животот, таа не си дозволи да попушта или да биде самозадоволна и продолжува да импресионира со својата харизма.

останати вести