“ТАКА ОДАМ КОГА НОСАМ ПОТПЕТИЦИ“: Парис Хилтон исмејана откако прошета на модната писта (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Британски „Vogue“ објавил видео од нејзиниот од, од ревијата на социјалната мрежа Инстаграм во вторникот, а Хилтон носела црн, мини фустан.

Нејзиниот изглед во комбинација со парот необични закривени чевли на висока потпетица, можеби и била причината поради нејзиниот чуден од којшто ги поттикнал корисниците на социјалните мрежи да се шегуваат на нејзина сметка.

На Твитер имало најмногу шеги, а еден од твитовите гласел: „Вака одам кога еднаш годишно ќе облечам високи потпетици“.

„Вака одам кога сум пијана, а се обидувам да докажам дека не сум“, „Жал ми е, но зошто оди како RoboCop? Ми се допаѓа облеката“, биле дел од другите коментари,а еден корисник прашал: „Зошто оди како кокошка?“.

Имало и такви кои ја бранеле Парис Хилтон, тврдејќи дека таа има свој стил и начин на од уште од 90-тите години.

останати вести