Судии пијани дошле да судат натпревар, завршиле во полиција (ВИДЕО)) 

by Тони Зографски

Летонија ни пристигнува една неверојатна вест – судии се појавиле пијани на натпревар

Судијата Андрис Крастис и неговиот помошник Сергеј Калмук дошле да судат натпревар од третата лига во Летонија во алкхолизирана состојба. Фудбалерите на кои требало да им судат веднаш забележале и го пријавиле случајот.

Набрзо пристигнала полиција која ја потврдила состојбата на двајцата судии. Веднаш реагирала и Фудбалската федерација на Летонија која тандемот доживотно го суспендирала. Натпреварот бил одложен и ќе се одигра наредната недела.

останати вести