Сопругата на познат британски музичар почина на 45 години: Пронајдена мртва во нивната семејна куќа

by Тони Зографски

Гил Кетпол, сопругата на британскиот пејач на Џејмс Морисон (39), е пронајдена мртва во петокот во нивниот дом во Витмистер. Имаше 45 години.

Точната причина за смртта не е наведена, но објавено е дека не станува збор за „сомнителна“ смрт.

Медиумите известуваат дека Морисон бил „уништен“ и со скршено срце и дека целото семејство се собрало да го поддржи и да го утеши. Но, тој, наводно, побарал сите да го остават да тагува сам.

Пејачот својата покојна сопруга ја опишуваше како „свој херој“, а нивната љубов како „мала бајка“. Неговиот албум Stronger Than You Know’s е инспириран од нејзината сила по прераното раѓање на ќерката Ада.

Покрај Ада (5), двојката ја има и постара ќерка Елси (15).

Џејмс и Гил биле заедно повеќе од 20 години, а се запознале на интересен начин – Гил со тогашниот дечко изнајмувала стан од мајката на Морисон.

 

останати вести